Знаете дека за неколку месеци се игра Светското првенство во ракомет за мажи во Катар? Знам дека знаете, јас само да ве потсетам. Меѓу другите земји, и нашава се пласираше. Светско првенство, ејј! Зборувам за супер репрезентации, организација на највисоко ниво… силите ги одмеруваме со Босна, Хрватска, Тунис, Иран и Австрија, за ако се пласираме во следен круг, да мислиме на Шпанија, Словенија, Бразил…
Седам дома, ги гледам Металург со Брест Мешков, кратко потоа и Вардар против Чековски Медведи.Туку, друго ми беше муабетот. Се’ е тоа супер, него, кој ќе игра? Кој ќе ја предводи Македонската репрезентација? Знам, сега сите ќе речете “Кире Лазаров!“, да, нема збор за Кире, ама што потоа?
Бекови: Кире не е машина, не може да игра на секоја утакмица по 60 минути, одбрана-напад, на секоја утакмица? До пред година дена се надевавме и на Наумче Мојсовски, ама после повредата гледаме дека му треба време да се врати во играчки континуитет. Дали ќе бидат доволни овие 2-3 месеци повторно да го добиеме Наумче во полно светло? Продолжувам понатаму со Филип Миркуловски… и тој е еден од оние играчи што работи цел натпревар, игра и одбрана и напад, буквално гине на терен. Значи, до сега имаме двајца(во тимот), Миркуловски и Кире. Сега доаѓа интересниот дел – кој друг? Да не ги изоставам “странците“ Прибак и Вугринец, Прибак ќе ја покаже својата игра, за Вугринец не се сомневам. Тука се и Велко Марковски и Ацо Јоноски, кои по дифолт се “столбови на нашата одбрана“ и 99.102% ќе играат само таму, освен некој контра ако се направи. Следен на листата ми е Филип Лазаров. Да, капитенот на Вардар, тој Филип Лазаров. Чисто да ве потсетам дека и он постои, дека очигледно Раул Гонзалес има заборавено. Бранислав Ангеловски го избркаа, па останува да го спомнам младиот Филип Талески, кој освен како (ко)коментатор, сезонава друго нешто од него не видов.
Крила: Ова се ЕДИНСТВЕНИТЕ позиции каде имаме бар по две замени, кои играат ПОДЕДНАКВО добро. Секако, тука мислам на Темелков и Златко Мојсовски(десни крила двајцата) кои ќе влезат како втор план, додека во прв остануваат Манасков Дејан и Гоце Ојлески(леви крила) и Гоце Георгиевски(десно). Овие тројцата последни ми се милина кога ги гледам како играат бидејќи си ја знаат работата, ретко промашуваат и ЌЕ ИГРААТ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА БАР УШТЕ 10 ГОДИНИ!
Пикери: Хахахахахаххахахаххаха КОИ ПИКЕРИ? Па да земеме некој разбијач од пред клубовиве за да покриеме позиција? Ванчо Димовски(сите почести за наго) се пензионираше, ги остави Стојанче Стоилов и Никола Марковски да играат на таа позиција. Никола Марковски сезонава ич не го видов, а Стојанче се прашувам дали е уште во Вардар?
Голмани: Министерот за одбрана, Борко Ристовски е оној од кого најмногу ќе се очекува, заедно со Миркуловски и Кире, да бидеме реални. Диви забораваат да го повикаат, дури ни на клупата на Вардар не го гледам, а мислам дека и се пензионира од репрезентативниот дрес. Митревски може да му тргне, ама искуството не се стекнува преку ноќ.
Да сумирам: Подмладувањето на репрезентацијата ЗАМРЕ моментот кога Алушовски беше заменет со Манасков Дејан. Толку. Ај, може СВЕТСКОТО првенство во Катар ќе го истераме некако, ама што правиме за две, три, пет години? Македонија ќе стане Кометал ЃП(не сакам да се потсетувам на тоа што му се случи на Кометал ЃП)? Вардар растура во сите натпревари, годинава(има големи шанси) да оди на ФФ, ама што македонскиот ракомет ќе ќари од тоа? Ќе го ќари истото тоа што го доби од Кометал ЃП на времето – еднонеделна радост. Толку! Металург (по се’ изгледа) е во некој вид на криза, а од таквата ситуација се ситат сите, од коментаторите, медиумите, порталите… За владина помош(финансиска) не сакам ни да помислувам, дека би било смешно Владата да финансира два “лути ривали“.
Знам ќе се најдат мнооогу луѓе на кои ќе им смета напишаново, ама тоа е, вистината боли. За жал, така е.
Се надевам, ќе биде подобро. Многу подобро.
Автор на текстот е @dzolelp