Во пресрет на денешниот натпревар на ЖРК Вардар, против германскиот шампион Турингер, Индира Кастратовиќ ветува максимална борбеност, со која ќе пробаат да се вратат во Скопје со победа.
„Бодовите од овој натпревар ни се важни и ќе се обидеме да се вратиме со позитивен резултат од таму. Се надевам дека девојките и во овие 60 минути ќе дадат сѐ од себе и ќе бидат максимално борбени” – изјави Кастратовиќ.
„Кажавме дека од натпревар во натпревар ќе бидеме подобри и тоа и го постигнуваме. Против Будуќност за малку ни побегна победата и нормално е после такков натпревар да бидете психолошки разнишани. Ќе ни биде тешко, знаеме дека имаме хендикепи и со повредени играчи, но ќе сториме сѐ за позитивно да го завршиме овој дел пред зимската пауза“ – додаде Индира.