Капитенот на машката ракометна репрезентација, Кире Лазаров е седмиот најдобар ракометар на Светското првенство во Катар според ЕХФ. Изборот е објавен на официјалната интернет-страница на Лигата на шампионите, а во конкуренција се ракометарите кои настапуваат во ЛШ.
„Со 45 гола постигнати на шест меча, Лазаров уште еднаш го покажа своето големо значење за македонската ракометна репрезентација. Покрај високиот број голови, децниот бек на Барселона секогаш отвораше простор за останатите играчи на Македонија со тоа што на себе привлекуваше понегоаш и по двајца противнички дефанзивци. Во групната фаза тој беше одличен, но за жал, промаши доста шутеви на осминафиналниот меч против Словенија што значеше елиминација за Македонија и крај на неговата голгетерска серија“ – пишува официјалниот сајт на ракометната ЛШ.