Нашиот капитен, Кире Лазаров со Барселона денес од 18:00 часот, против Веспрем ќе се бори за првата титула во ракометната Лига на шампиони.
Лазаров вчера си обезбеди финале откако во првиот полуфинален дуел го совладаа Киелце со 33:28. Натпревар во кој Лазаров постигна 7 погодоци, еден помалку од најефикасниот во победничкиот состав Никола Карабатиќ.
Денешниов натпревар ќе му биде трет обид да стигне до оваа титула, со што МакРакомет му пожелува многу среќа за да му се исполни и овој сон, како и на сите љубители на ракометот кои со нетрпение чекаат Кире Лазаров да го крене победничниот пехар.
Натпреварот за трето место, помеѓу екипите на Киелце и Кил ќе се одигра од 15:15 часот.