Нашиот најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров по третпат влезе во историјата, го постигна својот 1000-ти погодок во Лигата на шампиони. Со што стана најдобар стрелец на сите времиња во најсилното европско клупско натпреварување.
На денешниот натпревар постигна точно 5 погодоци, колку што беа потребни за да ја достигна оваа бројка. Последниот погодок кој го постигна против Пик Сегед во последната минута, беше решавачки за екипата на Барселона која стигна до својата втора победа во ЛШ.
Честито легендо!
Трите историски рекорди на нашиот капитен:
-
92 погодоци на СП 2009 (најдобро остварување во историјата на мундијалите)
-
61 погодок на ЕП 2012 (најдобро остварување во историјата на континенталните собири)
-
1000 погодоци во ЛШ (најдобар стрелец на сите времиња)