На денешниот 1/4 финален натпревар помеѓу екипите на Вардар и Киелце, ќе се случи една доста ретка и специфична работа. Ќе се сретнат татко и син во еден натпревар, но во спротивни екипи. Како што добро знаете во едната екипа ќе биде Талант Душебав како тренер, а во другата екипа ќе биде Алекс Душебаев како играч.
Нешто што ретко се гледа на терените во ракометот, последно такво нешто видовме на СП во Катар, кога синот Валеро Ривера Џуниор кој играше за шпанската репрезентавија се сретна со неговиот татко Валеро Ривера кој беше на клупата на Катар, кој си замина дома со сребрен медал, за разлика од синот кој остана со празни раце, бидејќи во борбата за бронзен медал Шпанија го загуби натпреварот.
Останува да видиме во овие два натпревари кој ќе биде поуспешен, кој ќе продолжи на Ф4 … а кој ќе се врати дома.
Во пресрет на денешниот натпревар, Алекс се навраќа на извлекувањето на 1/4 натпревари и потенцира дека овој дуел сакале двајцата да биде една фаза подоцна, во Ф4 во Кел.
„Пред излекувањето на 1/4 двојки имав чувство дека ќе соочам со татко ми во Лигата на шампиони, иако не беше тоа по моја желба. Мојата желба беше да се сретнам со него една фаза покасно, во фајналфорот во Келн“ – изјави Алекс Душебаев.
Истотака Алекс Душебаев напоменуа дека не му се допаѓа кога го споредуваат со неговиот татко …
„Тој ги освои сите медали, титули и трофеи. Јас сум млад и сум на почетокот од мојата кариера, имам уште многу работа пред мене, пред некој да прави споредба помеѓу мене и мојот татко“ – заврши Душебаев.
Од другата страна Талант Душебаев освен што ќе се сретне со својот син, ќе се сретне и со својот долго годишен асистент и пријател Раул Гонзалез, натпревар пред кој Талант се чувствува крајно возбудливо.
„Четвртфиналниот дуел против Вардар ќе биде нешто уникатно, нешто неверојатно за мене – ќе се соочам со син ми и со мојот долг асистент и добар пријател, возбудливо максимално“ – изјави Талант Душебаев додавајќи „Како што и Алекс кажа, за жал ние ќе се сретнеме премногу рано во ова натпреварување, но тоа е нашата судбина“
Во пресрет на денешниот натпревар, Талант очекува крајно неизвесен натпревар. Како и во Скопје, така и на реваншот најави дека љубителите на ракометот ќе уживаат во ракометот од највисок левел, кои двете екипи ќе го покажат.
„Генерално Киелце може да го победи секој, но Вардар покажа во последните сезони дека е сериозен клуб, кој донесе во своите редови неколку светски играчи, со што воедно и е еден од најбрзо растечките клубови во ракометот во Европа – со што двата натпревари ќе бидат на највисок левел“ – заврши Талант Душебаев.