Заврши СП во Катар… Го добивме новиот светски првак, репрезентацијата на Франција која веќе за 3 месеци ќе се соочи со нашата репрезентација во квалификациите за ЕП во Полска следната година. Завршивме на 9-то место, најдобар пласман во нашата историја на СП. Сонот за квалификациите на ОИ во Рио сеуште е посакуван и реално достижен за нашата репрезентација, но, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.
Ве водиме низ статистиката за нашата репрезентација од СП во Катар, каде одигра вкупно 6 натпревари.
Најнапред почнуваме со вкупната статистика од нашите играчи како колектив и нивната ефикасност, која кажува дека нападот ни беше солиден, за разлика од одбрана која потрфли ова првенство.
Вкупно шутеви | Шутеви од 6 метри | Шутеви од 7 метри | Шутеви од 9 метри | Шутеви од крила | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Погодоци/Шутеви | % | Погодоци/Шутеви | % | Погодоци/Шутеви | % | Погодоци/Шутеви | % | Погодоци/Шутеви | % |
181/284 | 64 | 40/53 | 75 | 23/31 | 74 | 42/103 | 41 | 29/39 | 74 |
Напад | Одбрана | Казни | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
Асистенции | Технички фаули | Украдени топли | Блокирани шутеви | Жолт картон | 2 минути | Црвен картон |
109 | 65 | 16 | 10 | 18 | 35 | 1 |
Следна е статистиката за нашите голмани, која истотака говори дека потфрлија на ова СП во Катар.
Вкупно шутеви | Шутеви од 6 метри | Шутеви од 7 метри | Шутеви од 9 метри | Шутеви од крила | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Одбрани/Шутеви | % | Одбрани/Шутеви | % | Одбрани/Шутеви | % | Одбрани/Шутеви | % | Одбрани/Шутеви | % |
72/240 | 30 | 19/52 | 37 | 2/17 | 2 | 30/81 | 37 | 13/29 | 45 |
Други интересни факти од ова превенство се следниве:
- – Во статистиката за најферплеј екипа, нашата репрезентација се наоѓа на 19-то место. (според бројот на исклучувања и жолти/црвени картони)
- – Ацо Јоновски е на 4-то место, а Велко Маркоски на 14-то место според бројот на исклучувања и жолти/црвени картони.
- – Нашиот капитен Кире Лазаров во повеќе категории се најде помеѓу првите:
- 7 место според бројот на постигнати погодоци, со вкупно 45.
- 4 место според бројот на асистенции, со вкупно 28.
- 5 место според вкупниот број на погодоци и асистенции, со вкупно 73.
За крај поединечна статистика за сите ракометари:
Играчи | Погодоци | Напад | Одбрана | Време | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Број | Име | Погодоци/Шутеви | % | Асистенции | Технички фаули | Украдени топки | Блокирани чутеви | |
3 | Дејан Манасков | 25/36 | 69 | 7 | 2 | 5 | / | 4:55:13 |
4 | Ренато Вугринец | 8/16 | 50 | 4 | 3 | 2 | / | 1:20:13 |
5 | Стојанче Стоилов | 18/22 | 82 | 10 | 11 | / | 1 | 3:05:04 |
7 | Кирил Лазаров | 45/78 | 58 | 28 | 12 | / | / | 2:56:51 |
9 | Аце Јоновски | / | / | 1 | / | 1 | 5 | 2:28:56 |
13 | Филип Миркуловски | 20/29 | 69 | 20 | 11 | 1 | / | 3:47:55 |
14 | Велко Маркоски | 0/1 | 0 | 1 | / | 2 | 3 | 3:00:12 |
15 | Златко Мојсоски | 2/3 | 67 | 1 | 2 | / | / | 56:01 |
17 | Никола Марковски | 4/6 | 67 | 9 | 4 | / | / | 2:45:47 |
18 | Наумче Мојсовски | 14/26 | 54 | 15 | 10 | 1 | / | 2:43:09 |
21 | Немања Прибак | 11/23 | 48 | 2 | 3 | / | 1 | 2:18:52 |
22 | Гоце Георгиевски | 24/29 | 83 | 1 | 1 | / | / | 4:11:40 |
23 | Филип Лазаров | 3/7 | 43 | 1 | 1 | / | / | 25:17 |
24 | Владо Недановски | 7/8 | 88 | / | 2 | / | / | 1:04:32 |
Голмани | Вкупно шутеви | ||
---|---|---|---|
Број | Име | Одбрани/Шутеви | % |
16 | Борко Ристовски | 52/179 | 30 |
20 | Петар Ангелов | 19/61 | 31 |