Денес со почеток во 15:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ се игра финалето од Купот на Македонија. Тимот на МакРакомет накратко поразговара со пивотот на ЖРК Металург Марија Николиќ, која накратко ги изнесе очекувањата од овој натпревар.

„Најнапред сакам на ЖРК Вардар да им честитам за освоеното трето место во Лигата на шампионите. Овој натпревар денес е натпревар на двете најдобри екипи во Македонија и е петти наш меѓусебен дуел. Можам да кажам дека многу добро се познаваме, тие го освоија првенството па токму затоа имаат улога на фаворити. Сепак во 60 минути на паркетот може се да се случи, ние ќе се обидеме добро да му се спротиставиме на противникот, а зошто и да не направиме сензација. Нивна предност е добриот играчки кадар, а наша е младоста и желбата за докажување.“ – изјави Марија Николиќ