Ракометниот клуб Металург денес на својот сајт објави дека утре на 30.01.2015 година (в петок) ќе одржи прес-конференција по повод натпреварот од 8-то коло на Сеха Газпром Регионалната лигата меѓу екипите на РК Металург и на РК Нексе од Нашице (Р.Хрватска).
Прес-конференцијата ќе се одржи во конгресната сала на СЦ Борис Трајковски, со почеток во 12.00 часот. Натпреварот ќе се одигра на 01.02.2015 година (в недела), со почеток во 20:15 часот, во СЦ Борис Трајковски Скопје.
Извор: www.rkmetalurg.mk