Младинците кои учествуваа на турнир во Унгарија  и покрај трите порази се покажаа во ,,најдобро светло” во она што очигледно најдобро го знаат. Додека противниците одмараа и се подготвуваа за натпревари нашиве ,,тренираа” и се натпреваруваа сами со себе во натпреварот: ГАЈБА ПИВО!

 

1

Под импресии од пласманот на женската младинска репрезентација на ЕП во Шпанија и прикажаната одлична игра како и прикажаната игра на машката сениорска репрезентација во натпреварите против Франција ме интересира ,,За што отидовте во Унгарија?”

Дали недисциплината на екипата  срамното однесување и несериозноста на младинците доведе до три по ред порази или пак пиеле да заборават на претходните порази? Дали во Унгарија ги пративме да слават 1 Мај или ги пративме на задача каде што треба да покажат големина, сериозност па дури и да изгубиле? Сите ние што следиме ракомет и кои издвојуваме преку федерацијата  (репрезентацијата ја претставува државата, а со тоа и народот) некого да испратиме на турнир не интересира дали стручниот штаб бил запознаен со натпреварот: ГАЈБА ПИВО? Знаеле ли што се случува или и тие славеле во некое ќоше?

Она што е ,,трагично” е тоа што со ваквото однесување се гордеат,а не помислуваат на поразите што ги нижат од натпревар во натпревар и наместо пехари и медали,  на сликите ги ставаат празните шишиња освоени во натпреварот: ГАЈБА ПИВО!

Федерацијо, освести се на време !!!

2        3

 

Текстот е од анонимен читател и екипата на МакРакомет се оградува од напишаното во него.