Во пресрет на саботниот натпревар на ЖРК Металург против холанскиот Вестфрисланд, во рамките од 2-то коло од Купот на куповите, капитенот на „плаво-белите“ Наташа Антиќ на денешната прес конференција предупреди дека во никој сличај минималната победа во Холандија не мора да значи ништо, во никој случај не смее да донесе опуштање пред саботниот натпревар.
„Победивме таму но ништо не е готово. Се надевм дека во Скопје ќе одиграме уште подобро и ќе се радуваме на победа. Одиме чекор понапред и верувам ќе успееме да ја оствариме целта“ – изјави Антиќ.