Во натпревар од 5-тото коло од ВИП машката Супер лига, во кој се сретнаа екипите на РК Вардар Јуниор и РК Прилеп, прилепчани беа убедливо подобри од домаќинот Вардар Јуниор. Иако по истекот на првите 30 минути се чинеше дека ова ќе биде еден неизвесен и тежок натпревар, сепак РК Прилеп со одличен напад и цврста одбрана успеа да ја совлада оваа екипа.

Се до средината на второто полувреме се играше гол за гол, а дури имаше и мини серии и за двете екипи. Прва екипа која резултатски се oдлепи беше токму екипата на Прилеп, која пресвртот почна да го прави токму во овој момент (16:18).

Желбата на ракометарите на Вардар Јуниор да се вратат во натпреварот беше голема, но сето тоа им донесе пад на концентрацијата и правење на многу технички грешки. Сето тоа гостите добро го искористија и успеаа да го зголемат своето водство. Краен резултат на оваа средба беше 24:32.

Најпрецизни на овој натпревар беа Чурлевски и Јовчевски со 5 погодоци од Вардар Јуниор, а од победничката екипа Турченко со 9 погодоци.