Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го соопшти конечниот список од 18 играчи на кои ќе смета на Светското првентсво во Катар, кое почнува за 10 дена. Големо изненадување е изоставувањето на Гоце Ојлески од репрезентацијата, на чие место Обрван го повика Влатко Недановски. Покрај него, и претходно Филип Талески, од комбинација испадна и Стојчевски, па конечниот список изгледа вака:

Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митровски (голмани), Дејан Манасков, Владо Недановски (леви крила), Гоце Георгиевски, Златко Мојсоски (десни крила), Столе Стоилов, Ванчо Димовски, Никола Маркоски (пивоти), Кире Лазаров, Ренато Вугринец (десни бекови), Наумче Мојсовски, Филип Лазаров (леви бекови), Филип Миркуловски, Немања Прибак (средни бекови) и специјалистите за одбрана Ацо Јоноски и Велко Маркоски.

18 играчи кои треба да ја донесат до сега најголемата радост за ракометните фанови ширум Македонија.

Со среќа!