На денешната прес-конференцијата, селекторот Обрван и капитенот Кирил Лазаров изразија задоволство од прикажаната игра против Швајцарија и со оптимизам гледаат кон неделниот натпревар против репрезентацијата на Чешка во рамките од квалификациите за ЕП во Полска 2016 година.

Двајцата се заблагодарија на поддршката од публиката на последниот натпревар во Сент Гален, против Швајцарија и воедно се согласија дека ни следува тежок натпревар во недела, каде и покрај проблемите кои ги има Чешка, ќе пристапат максимално сериозни и одиграат најдобро што можат, за да извојуваат победа, со која ќе се обезбеди и пласман на ЕП во Полска 2016.

Ви преставуваме во целост изјавите:

Ивица Обрван: „Со нетрпение очекуваме на крај на сезоната еден ваков натпревар кој одлучува за пласман на ЕП во Полска. Одигравме коректен натпревар во Швајцарија, а посебна важност на победата и дава отсуството на дел од клучните репрезетативци. Мечот против Швајцарија требаше да го добиеме поради атмосферата во салата, и затоа сакам да се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа во Швајцарија во голем број. Се надевам дека сме подготвени за овој тежок натпревар, а со поддршка на публиката да победиме и да обезбедиме пласман на ЕП“

Кирил Лазаров: „Дојдовме до момент кој го посакувавме сите пред овие квалификации. Сакам да се навратам на оној меч во Чешка кога имавме негатива од седум-осум голови разлика. Тоа значи дека не очекува тежок натпревар против квалитетен противник. Со Швајцарија имавме можност да одиграме порелаксирано бидејќи дознавме дека натпреварот нема да има резултатски императив. Но натпреварот во недела ќе биде од друг карактер. Во недела ќе одиграме меч да се биде или не. Чесите и покрај проблемите нема да дојдат со бело знаме, се надевам дека ќе покажеме што знаеме и ќе се радувам на уште еден пласман на големо натпреварување“

Натпреварот се игра во недела 14.06.2015 во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17:45.
*Се уште има ограничен број билети, а можат да се купат преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.

Фото: 24rakomet.mk