Поранешниот ракометар на Металург, Гоце Охлески кој оваа сезона го напушти својот матичен клуб и замина во Романија, во екипата на Одорхеи одлично се снајде во новата средина. Каде веќе е стандарден играч, и прикажува одлични партии, што со право се најде повторно на списокот на Обрван за престојниот турнир во Хрватска.
Доказ за неговите добри партии е и последниот натпревар во рамките од 9-то коло во романското првенство, каде неговата екипа го претрпе вториот пораз сезонава од Динамо Букурешт со 30:26, натпревар во кој Ојлески беше втор стрелец со 5 погодоци.
Си што со право може да кажеме дека Гоце Ојлески не погреши што замина во странство, со оглед на тоа кои проблеми ги имаше Металург тој период.
Среќно!