Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва во Бања Лука му гостува на Борац, екипа која се бори да го избегне последното место на табелата. После поразот од Нексе, нашиот шампион падна на 7-та позиција со еден бод помалце од Нексе, позиција која не води на завршниот турнир во Веспрем.
На овој натпревар плаво-белите мора да го дадат својот максимум и издвојат победа, со што би ги задржале шансите за посакуваното 6-то место на табелата. Шанса за младите уште еднаш да го покажат својот квалитет и да ги израдуваат љубителите на ракометот, кои со нетрпение ја чекаат новата победа.
Дотолку ги намалат бројот на техничките грешки во нападот и изиграат јако во одбрана, може да се очекува неизвесен натпревар до самиот крај, во кој со малку среќа и не толку големото искуство на Борац, да се израдуваме на победата на нашите ракометари.
Оваа средба е наша претпоследна средба од регуларниот дел на ова натпреварување. Последниот натпревар го играме на 15-ти Март, кога во Скопје ја пречекуваме екипата на Брест Мешков. За разлика од нашиот конкурент за 6-та позиција, екипата на Нексе има уште само еден натпревар против денешниот наш противник на 18-ти Март.
Датум до кој веќе ќе се знае дали Металург ќе ја освои посакуваната 6-та позиција или не. Со две победи нашите сигурно ќе се пласираат на завршниот турнир во Веспрем, но и дотолку тоа не се случи постојат некои теоретски можности во зависност на следните натпревари на Металург и Нексе како ќе завршат.
За тоа понатака, важно е денес нашите млади надежи да го дадат својот максимум и да се изборат за позитивен резултат.
Натпреварот Борац – Металург започнува од 20:55 часот со директен пренос на МРТ.