Со почеток во 17:30, екипите на Металург и Елверум ќе го играат мечот од третото коло во групата Д од Лигата на шампионите.
Во пресрет на тој натпревар, стручните штабови на двете екипи ги објавија составите со кои ќе истрчаат на паркетот во СЦ Борис Трајковски. Лино Червар се реши за една измена во својот тим. Во составот се најде 24-годишниот голман Антонио Пешевски, кој ќе му биде резерва на Дупјачанец, за разлика од минатиот меч, кога на клупата беше Вукиќ. Составите на двете екипи се:
МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, А. Пешевски, Маџовски, Палевски, Кукоски, Матиќ, Талески, Кузмановски, Крстевски, Мраковчиќ, Божовиќ, Велковски, Бувиниќ, Костески, Ж. Пешевски, Петров.
ЕЛВЕРУМ: Нергард, Ојен, Боресен, Буруд, Екрен, Јансруд, Линдбое, Линдеруд, Норгард Мел, Митровиќ, Нордберг, Еверби, Стегавик.
Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )