Познати се конечните термини за одигрувањето на завршните турнири во Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција. Термините не се истите што беа проектирани претходно, кога се споменуваа 16-ти и 17-ти Мај како денови за одигрување на овие турнири. Исто така, наместо во една сала, овие турнири ќе се играат во две, СРЦ „Кале“ и СЦ „Јане Сандански“.
Фајналфор во Купот на Македонија за мажи:
Полуфинале:
- Тинекс Пролет : Металург (СРЦ „Кале“)
Четврток (14.05.2015) од 17.00 часот.
Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.
Делегати: Металари Камер од Скопје и Василев Јован од Битола.
- Вардар : Зомимак-М (СРЦ „Кале“)
Четврток (14.05.2015) од 19.30 часот.
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.
Делегати: Начевски Драган и Папуџиев Драги од Скопје.
Финалето ќе се одигра во Сабота (16.05.2015) во СЦ „Јане Сандански“ (голема сала) од 18:30 часот.
Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.
Делегати: Камишевски Душко и Николовски Аце од Скопје.
Фајналфор во Купот на Македонија за жени:
Полуфинале:
- Пелистер : ЖРК Металург (СРЦ „Кале“)
Петок (15.05.2015) од 17.00 часот.
Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.
Делегати: Чавдаров Васе од Богданци.
- Вардар : Вардар СЦБТ (СРЦ „Кале“)
Петок (15.05.2015) од 19.30 часот.
Судии: Илиева Марија и Карбеска Силвана од Скопје.
Делегати: Петров Благој од Велес.
Финалето ќе се одигра во Сабота (16.05.2015) во СЦ „Јане Сандански“ (голема сала) од 15:00 часот.
Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје.
Делегати: Начевски Марјан и Николов Стојан од Скопје.