По пауза од еден ден, нашата женска младинска репрезентација ги продолжува натпреварите на ЕП во Валенсија. Денес започнува и последната фаза, во која нашата репрезентација ќе се бори за освојување на 13-тото место. Денес нашата репрезентација се сретнува со репрезентацијата на Португалија. Натпреварот е со почеток во 16 часот. Претходно, во 13:30 часот ќе се сретнат репрезентациите на Литванија и Белорусија. Победниците од овие два дуела ќе се борат за 13-тото место, а додека поразените екипи за 15-тото место. Натпреварот за 13-тото место се игра веќе утре во 16 часот, а за 15-тото и 16-тото место во 13:30 часот.

Во оваа фаза од натпреварувањето, дојде до промена во составот на нашата репрезентација. На местото на пивотот Теодора Ципушева (ЖРК Металург) доаѓа десното крило Елена Петковска (ЖРК Металург).

Им посакуваме на нашите ракометарки да извојуваат победи и да остварат што подобар пласман.