Поранешниот македонски репрезентативец Раде Стојановиќ е новото засилување на Металург. Според најавите Стојановиќ уште од денеска треба да почне со тренинзи, а во дресот на Металург ќе дебитира во недела на мечот против Кил.

За очекување е во следниот период Металург да доведе уште неколку нови ракометари кои би дале искуство на подмладениот состав што остана во клубот.