Продолжуваат натпреварите на РК Металург во елитното европско натпреварување, во Лигата на шампионите. Денес, екипата на РК Металург е пред нов предизвик, а тоа е тешкото гостување кај екипата на Шафхаузен. По несреќните четири порази во низа, буквално во последните минути од средбите, овој пат РК Металург ќе се обиде да се врати на стариот пат, да дојде до нова победа и поправка на впечатокот.

На спротивната страна ја има екипата на Кадетен Шафхаузен која пак во последните 2 кола во Лигата на шампионите е како во ,,транс“, во кои оствари 2 многу значајни победи.

Се чини дека и дека и на двете екипи шансите за понатамошно натпреварување во Лигата на шампионите се минимални, сепак ракометарите на Кадетен Шафхаузен не се предаваат и имаат надеж за преминување во наредната фаза од овогодинешната Лига на шампиони.

Овој натпревар е закажан за денес со почеток во 20 часот, а директен пренос ќе врши Македонската радио телевизија.