Денес во рамките од 15-то од ВИП Супер лигата во дерби натпреварот, РК Радовиш во СРЦ „25 Мај“ ја совлада екипата на РК Прилеп, со 29:28 (16:12). Со оваа победа РК Радовиш се доближи до само еден бод до прилепчани, кои ја задржаа 3-та позиција на табелата после овој пораз.
Натпревар во кој РК Радовиш уште на самиот почеток се одлепи со пристојна предност од 3-5 погодоци, по што потоа во целиот натпревар го диктираше тоа темпо, со кое го одржуваше тоа водство. Во последните неколку минути од натпреварот РК Прилеп се доближи на минус два, но сепак не успеа да направи целосен пресврт.
Најефикасни кај домаќините беа Ивица Илиев и Миле Ордев кои постигнаа по 11 голови, односно 22 голови од вкупно 29 за Радовиш. Кај госите одличната партија прикажа голманот на Прилеп, Менде Божиновски кој имаше 15 одбрани, не сепак не беа доволни за позитивен резултат на својот тим.