Ракометарите на РК Струмица утре од 19:00 часот му гостуваат на Нексе, во рамките од СЕХА лигата. Натпревар помеѓу еден од најстарите екипи во оваа лига и една од двете нови екипи што влегоа оваа сезона.
РК Струмица оди на гостување со само 2 бода, без ниедна победа во досегашните 7 натпревари. Со желба и надеж дека на ова гостување ќе дојде до првата победа оваа сезона, многу значајна за понатамошната иднина на оваа екипа, која полека станува знак прашалник, што ќе се случи ако продолжат со лоши игри.
За разлика од струмичани, екипата на Нексе се наоѓа на средината на табелата со 3 победи и 4 порази. Искусна екипа која одлично се носеше и со големите екипи како ППД Загреб, Вардар и Веспрем, од кои изгуби минимално. Што значи дека струмичани ќе имаат многу тешка задача ова коло.