РК Струмица повторно се враќа дома поразена, овојпат од екипата на Спартак Војпут во рамките од СЕХА лигата. Сепак утехата која ја бараа двата тима пред натпреварот, после елиминацијата од ЕХФ-купот ја добија ракометарите на Спартак Војпут, кои убедливо славеа со 26:18.
Натпревар кој започна со погодокот на Чантурија, кое воедно беше и прво и единствено водство на натпреварот. Потоа се до 23-та минута резултатот беше изедначен, се играше гол за гол. За потоа ракометарите на Спартак Војпут направат серија од 5:0, со што на полувреме заминаа со пристојни 13:8.
Ракометарите на РК Струмица го отворија второто полувреме со мини серија од 3:0, со што се доближија додва гола негатива (13:11). Негатива која се до 40-та минута се оддржуваше, за потоа повторно направат серија од 4:0 и одлепат резултатски, со што понатака само рутински го завршија натпреварот за конечни 26:18 и втора победа на Спартак Војпут, а наш 5-ти пораз оваа сезона. Со што остануваме заедно со екипата на Борац, сеуште без победа.
Најефикасни на натпреварот беа Чантурија со 5 и Младеновски со 3, додека во спротивниот табор Жупањац со 6 погодоци.
Следен натпревар на РК Струмица е веќе следната среда (28 октомври), кога и гостува на екипата на Нексе.