Веспрем арената во Унгарија од денес, 25.03, па се до недела 29.03.2015, ќе биде домаќин на најдобрите екипи во годинешното издание на СЕХА лигата. За прв пат со 6 екипи на завршниот турнир, очекуваме да бидеме сведоци на квалитетен ракомет. Впрочем, СЕХА лигата е единствената лига во Eвропа која дава 3 четвртфиналисти во овогодинешната Лига на шампиони, и тоа е за почит.
Годинава се чини дека СЕХА лигата направи значаен исчекор од апсект на квалитет и натпреварувачкиот карактер. Вклучувањето на екипата на Веспрем секако придонесе за подигнување на квалитетот. Но не се само Унгарците причина за поголемиот квалитет на лигата. И останатите екипи, исклучително сериозно го сфатија учеството во оваа лига и доколку водството на лигата продолжи да ја развива во овој правец, бенефит ќе имаат екипите учеснички, националните селекции, но пред се ракометните фанови на Балканот кои ќе може почето да уживат во квалитетен ракомет.
На завршниот турнир учествуваат Веспрем и Вардар (кои автоматски се пласирани во полуфиналето), како и Брест Мешков, Нексе, Загреб и Тартран, кои за настапот на турнирот го започнуваат од четвртфинале.
Распоред на мечеви:
25.03.2015, среда
17:45ч Брест Мешков – Нексе
20:15ч ППД Загреб – Татран прешов
27.03.2015, петок
Полуфинале
17:45ч Вардар – Брест Мешков / Нексе
20:15ч Веспрем – ППД Загреб / Татран Прешов
29.03.2015, недела
15:30ч Меч за трето место
18:00ч Финале