Екипата на Татран Прешов сепак беше преголем залак за ракометарите на РК Струмица, иако струмичани добро им парираа во првото полувреме.
Добро го отворија натпреварот, каде на двете страни се играше добра одбрана. Со што и резултатот 4:3 по 15 минути игра зборуваше за тоа. Но тоа кратко траеше, бидејќи следуваше серија од 3:0 на ракометарите на Прешов и три промашени пенали на РК Струмица, со што веќе во 20-та минута го превземаа водството во свои раце. Продолжија со добра игра, која на крај ги однесе со конечни 10:14 на полувреме.
Веќе во второто полувреме ракометарите на РК Струмица како да спласнаа, за разлика од ракометарите на Татран Прешов кои влегоа помотивирани, уште во првите 10 минути најавија дека се дојдени по трите бода во Струмица. Одиграа на високо ниво во одбраната и преку контри се одлепија од РК Струмица, за највисоко водство од 8 погодоци. Со што потоа само рутински го доиграа натпреварот и со конечни 24:31 ќе си заминат во Словачка.
Останува раководството на РК Струмица да ги разгледа првите два натпревари и да увиди кои беа грешките, и во накраток можен период да ги поправи.