Македонската ракометна репрезентација со триумф ја заврши групната фаза на СП во Катар, славејќи со 36-32 над Австрија за заслужено освојување на второто место во групата Б, кое ни ја даде репрезентацијата на Словенија во осминафиналето.
Натпреварот го отворивме добро, одлично функционираа и нападот и одбраната, но Австријците не дозволуваа Македонија да се одлепи во првото полувреме. Имавме во неколку наврати +3, но сепак по крајот на првите 30 минути, резултатот на семафорот беше 16:16.
Како клучно се покажа второто полувреме, поточно некаде од 40-та минута кога избраниците на Ивица Обрван „сменија брзина“ и успеаа резултатски да се одлепат. Најпрвин со серија од 4-0 Македонија успеа да го скрши отпорот на Австрија, а во неколку наврати имавме и високи +6, па така во последните 10 минути се знаеше кој ќе ја оствари победата денес.
Најефикасен во нашиот тим беше Кирил Лазаров со 9 погодоци, а Миркуловски постигна 6 погодоци.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра веќе во недела.