Вардар ја започна новата сезона во Лигата на шампиони со победа над Монпелје, каде со одлична игра во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на французите.
Но, една од главните причини за оваа победа беше и феноменалниот Арпад Штербик кој блескаше на натпреварот и забележа 16 успешни интервенции. Со што со право се најде во идеалниот тим од првото коло во Лигата на шампиони, а една од неговите интервенции се најде во Топ 5 на колото.
Петте најдобри одбрани на колото може да ги погледнете ТУКА
Идеалниот тим од првото коло во ЛШ
- Арпад Штербик од Вардар (Голман)
- Андрес Егерт од Фленсбург (Лево крило)
- Лука Митровиќ од Елверум (Лев бек)
- Деан Бомбач од Пик Сегед (Среден бек)
- Холгер Гландорф од Флензбург (Десен бек)
- Кристијан Бјорнсен од Кристијанштад (Десно крило)
- Тиаго Роча од Висла Плок (Пикер).