Македонскиот репрезентативец, Ацо Јоноски брзо најде нов ангажман откако замина од Ла Риоха, се сели во Германија во Бундес лигата, во екипата на Бергишер. Екипа која обезбеди опстанок во лигата и со тенденции да напредува во сезоната што следи.
„Добив неколку интересни понуди, но оваа на Бергишер беше најпривлечна. Станува збор за амбициозен клуб во кој играат квалитетни ракометари од различни земји, тим што сезонава славеше над ривали како Фленсбург и Некар Левен. Бергишер сака уште повеќе да напредува во сезоната што следи, јас се препознав во овој проект и ја прифатив понудата“ – изјави Јоноски за порталот Екипа.
„Ацe е ракометар препознатлив по својата игра. Тој е голем професионалец со огромно меѓународно искуство и ќе биде големо засилување за нашата одбрана. Среќен сум што ракометар од негов калибар реши да дојде во Бергишер“ – изјави тренерот на тимот Себастијан Хинце.
Јоновски потпиша двегодишен договор, со што ќе му се придружи на Миркуловски во број 1 лигата во светот.