Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија и во второто коло од квалификациите за Светското првенство претрпе пораз. Домаќинот на квалификацискиот турнир, репрезентацијата на Полска, не совлада со резултат 24:15 (12:10).
Со овој пораз Македонија ќе биде на последното место во групата, независно од исходот на утрешниот натпревар со лидерот во групата, репрезентацијата на Франција.
Како и во вчерашниот натпревар против репрезентацијата на Чешка, така и на денешниот натпревар, го загубија на почетокот од второто полувреме, каде нашите ракометари имаа пад на играта и постигнаа само еден гол во 13 минути, со што повторно дозволија серија од 7:1 на противникот и решавање на победникот за кратко време.
Најефикасен во нашиот табор беше Филип Талевски со постигнати 4 погодоци.
Јуниорите веќе утре го играат последниот натпревар од 12:00 часот, каде ќе имаат можност да го поправат овој лош впечаток што го оставија на последните два натпревари.