Во пресрет на денешниот натпревар на плаво-белите, Дејан Манасков ветува добра игра. Овој натпревар ќе биде многу тежок, бидејќи и за двете екипи е од големо значење.
„Кога веќе дојдовме до овде нема застанување. Постојат теоретски шанси за пласман и додека е така ќе играме максимум. Сепак, најважно е дека ние ќе си играме за себе, за душа и за публиката која секогаш е со нас“ – изјави Дејан Манасков
Очекуваме на овој натпревар нашите ракометари да го остават срцето на терен и заедно на крајот да се радуваме на втората победа сезонава.
„Мешков игра навистина добро оваа година. Овој меч во Скопје за нив претставува да се биде или не, ако загубат ги губат шансите така што не се сомневам дека ќе дојдат решени да победат. Но ние ќе се спротивставиме со сите сили, па ќе видиме кој ќе се радува.“ – заврши Манасков.