Екипата на Пелистер дојде до својата втора победа во оваа сезона, во 9-тото коло од ВИП машката Супер лига. До својата втора победа сезонава, Пелистер дојде победувајќи ја екипата на ГРК Борец. Пред своите навивачи и верна публика, битолчани успеаа да слават со +5, 25-20 (14-9). Иако на почетокот на натпреварот почетно водство имаа гостите со 0:3, сепак домаќините брзо се вратија и дојдоа до првото изедначување на резултатот 6:6. Во останатиот дел од првото полувреме, екипата на Пелистер со огранизиран напад и добра одбрана успеа да си создаде солидна предност на крајот на првото полувреме 14:9.
Во второто полувреме, ракометарите на Пелистер успешно го контролираа своето водство. Иако ГРК Борец во еден дојде и до -2 негатива сепак на крајот заслужено успеа да слави домашната екипа со 25:20.
Најефикасни на оваа средба беа Икономов, Мачелов и Лазаревски со по 4 постигнати голови од екипата на Борец, а од победничката екипа на Пелистер, Маџовски со 7, Димитровски со 6 и Дрогришки со 5 голови.