Екипата на Работнички дојде до својата нова победа овој пат против младата екипа на Металург 2. Уште на самиот почеток Работнички дојде во водство од +5 не дозволувајќи му на противникот во воведните минути од натпреварот да го постигне својот прв гол, 5:0, а веќе по 11 минути игра резултатот на семафорот беше 10:1 во корист на домаќинот. Младите ракометари по неколку минути се соземаа па вратија со 5 голови во серија, враќајќи се резултатски со -4 негатива, 10:6. Сепак до крајот на првото полувреме Работнички успеа повторно да го зголеми водството на +9 заминувајќи на одмор со 6резултат 18:9.

Второто полувреме помина во целоана доминација на домаќинот. Работнички во второто полувреме дојде до водство и до +10. Во текот на второто полувреме РК Металург 2 успеа да ја намали разликата на -7, но повторно домаќините ја зголемија предноста на +8 до самиот крај на натпреварот за конечни 32:24.

Најпрецизни на овој натпревар беа Илиќ од РК Работнички со 14 голови и Димитриоски со 7 голови од РК Металург 2.