Македонскиот интернационалец Никола Стојчевски одигра уште една блескава партија во шведскиот Редбергслидс, во која постигна 9 погодоци, кои сепак не беа доволни за позитивен резултат и обезбедување на полуфинале од шведската ракометна лига.

Во последниот 5-ти решавачки натпревар од четвртфиналето во плеј-офот, Редбергслидс загуби од Гуиф со 31:25. Победа со која Гуиф триумфираше со 3:2 во серијата и се пласираше во полуфиналето, каде веќе обезбедија пласман екипите на Кристианстад, Алингсас и Истад.

По прикажаната одлична игра и неговите 9 постигнати погодоци, со право беше избран за играч на натпреварот. Формата на Стојчевски иде во нагорна линија, со што со право можеме слободно да кажеме дека можеби треба да се најде на списокот на репрезентативци за престојните квалификации за ЕП во Полска.

Повеќе за животот и кариерата на Никола Стојчевски може да прочитате во интервјуто кое му го направивме неодамна, на следниов ЛИНК.