Македонската радио телевизија (МРТ) ги обезбеди правата за телевизиски пренос на Светското првенство во ракомет, што ќе се одржи од 10 до 26 јануари во Германија и во Данска.
Ова на својот фејсбук профил го напиша уредникот на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски.
„Знаејќи ја неисцрпната желба на гледачите за што повеќе содржини од настаните на коишто учествува нашата репрезентација, покрај натпреварите на Македонија, како и секогаш досега, ќе понудиме и многу повеќе програма од ракометниот Мундијал. Ќе пренесуваме најмалку триесетина натпревари од шампионатот, што би значело најмалку по два дневно и тоа не само во деновите кога нашиот национален тим. Секако, тоа ја опфаќа и самата завршница на турнирот и распределбата на медалите. Имајќи го предвид потенцијалот, искуството од претходните големи натпреварувања и докажаниот коментаторски квалитет со кој располагаме, уверен сум дека проектот СП во ракомет 2019 на МТВ ќе биде вистински спектакл“