По скоро едномесечна пауза продолжуваат возбудувањата во машкиот дел од Лигата на шампионите. На стартот од вториот дел на сезоната во елитното натпреварување Вардар ќе се соочи со најголемото искушение, а тоа е мечот со Веспрем.
Еве што изјави хрватот во пресрет на денешниот натпревар:
“Цела недела се подготвуваме за овој натпревар. Ги гледаме нивните настапи, работиме тактички тренинзи ги анализираме сите нивни играчи, нивната игра и можам да кажам дека тоа е една веќе десет до петнаесет години е во врвот на светскиот ракомет, а минатата сезона беше и на завршниот турнир. Екипа која многу вложува и се разбира дека во нашата група е фаворит број 1 и тоа мораме отворено да го кажеме. Ние ја бараме нашата форма од натпревар во натпревар играме се подобро и како екипа делуваме се посигурно” – изјави Блаженко Лацковиќ.
“Сигурно дека ќе мораме да се спротивставиме со зона 6-0, а да бидеме многу офанзивни на нивните шутери. Ќе мораме многу добро да ги затвораме нивните кружни напаѓачи и ќе мораме ако за тоа ни се укаже можност да постигнеме што е можно повеќе лесни голови. Се разбира, играме дома и пред нашите навивачи да покажеме што можеме и единствено што можам да ветам е дека ќе дадеме се од себе дека ќе се бориме како против Рајн Некар Левен и Чеховски Медведи и се разбира дека одиме на победа”– додеаде Лацковиќ.