Кирил Лазаров Нант

Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров со своите 39 години сеуште игра на едно високо ниво и е клучна фигура во екипата на Нант.

Откако ги однесе во групата фаза на ЕХФ купот, Лазаров синоќа постигна победоносен гол на гости кај екипата на Шамбери. Остана да се изведе само ударот од девет метри, па нашиот Лазаров ја презеде одговорноста и со маестрален удар преку живиот ѕид ја смести топката во мрежата на гостите за огромна радост на фановите на Нант.