Влад Остроушко Украина

За нас добро познатиот ракометар на репрезентацијата на Украина, Влад Остроушко не се согласува со тоа дека неговата репрезентација е аутсајдер во групата Б и дека уште на првиот натпревар ќе го покажат тоа.

На мотивираниот ракометарот на Еурофарм Пелистер, нашите репрезентативци ќе треба да му обрнат внимание во одбраната, бидејќи неговиот квалитет е несомнен. Имаше блескава сезона во дресот на битолскиот клуб.

„Велат дека сме аутсајдери во групата и не се согласувам со тоа. Како и да, само ја мотивираат Украина, да покажеме за што сме способни почнувајќи од првиот натпревар против Македонија. И физички и ментално сме подготвени за дуелот со Македонците, ќе сториме се за да стигнеме до победата“ – вели Остроушко во пресрет на денешниот натпревар.

Фото: Екипа.мк