Репрезентацијата на Македонија денес ќе го игра вториот натпревар на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка против нас добро познатиот противник, репрезентацијата на Чешка.
Македонските ракометари ќе бркаат одмазда за последниот натпревар со Чешка на претходното Европско првенство, каде во еден изедначен и неизвесен натпрева рзагубија со 24:25. Манасков по истекот на времето имаше пенал, можеше да ја спаси нашата селекција од пораз, но голманот Мрква беше победник.
Против репрезентацијата на Чешка сме одиграле 14 натпревари, на кои тие се радувале на 6 победи, а ние на 5 победи, 3 натпревари завршиле нерешено. Биланс, кој кажува дека квалитетот на двете репрезентации е приближно на исто ниво.
После победата над Украина, нашите репрезентативци имаат шанса уште денес за го обезбедат учеството во главната фаза, доколку издвојуваат победа над репрезентација на Чешка.
Натпреварот започнува од 16:00 часот, со директен пренос на ТВ Телма.