Во пресрет на денешниот натпревар на РК Металург против екипата на Елверум, голманот на „плаво-белите“, Дарко Арсиќ изјави дека се подготвени да го дадат својот максимум и да ја започнат Лигата на шампионите со победа.
„Мислам дека за нас младите играчи, играњето во лигата на шампионите ќе ни донесе големо искуство. Притивниците во нашата група се силни екипи, но мислам дека можеме да играме со секој од нив. Против Елверум мислам дека може да бидеме големо изненадување. Играњето на домашен терен, зачинето со добра и цврста одбрана, може да го добиеме натпреварот и да ја започнеме Лигата на шампионите со победа.“ – изјави Дарко Арсиќ.
Натпреварот ќе се одигра денеска од 17:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.
*Директен преност на МРТ