вуко борозан

Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за црвените картони на натпреварот меѓу Вардар и Киелце, како и за дел од играчите кои се „кошкаа“ на теренот во Полска.

Вуко Борозан доби суспензија од еден натпревар, а Тимур Дибиров доби парична казна во износ од 3.000 евра. Борозан ќе го пропушти престојниот натпревар против Мешков Брест во Лигата на шампионите, на кој треба да дибитира новото засилување Кристијан Дисингер.

Натпреварот против Мешков Брест ќе се игра во сабота, со почеток од 17:30 часот.