РК Еурофарм Работник Тајмаут

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го играат последниот натпревар во рамките на Лигата на шампионите за оваа сезоната.

Битолчани се домаќини на шпанскиот прволигаш Бидасоа Ирун, кој веќе обезбеди прво место во групата и пласман во следната фаза. Тоа ќе му овозможи на тренерот Јакобо Куетара да прави ротации и да им даде одмор на неколку клучни играчи, во пресрет на густиот распоред во АСОБАЛ лигата.

Првиот меѓусебен дуел заврши со минимална победа на Шпанците, во добро познат финиш за нас, кој многу често го гледавме оваа сезона во Лигата на шампионите. Еурофарм Работник денеска ќе биде првпат сезонава без тренерот Стевче Алушовски, а ќе го водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Ракометарите на Еурофарм Работник ќе се обидат да ја запишат третата победа во дебитантската сезиона во најсилното клупско натпреварување во Европа и да ја израдуваат битолската публика. Без дефанзивецот Милорад Кукоски и седниот бек Филип Чурлевски, ќе се обидат да му се спротистават на фаворитот на хартија, екипата на Бидасоа Ирун.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ.