По големата победа над Словенија, вечерва нашите ракометари ќе играат против репрезентацијата на Црна Гора. Репрезентација за која Гоце Георгиевски смета дека не смее да се потцени, затоа што тоа може на нашите ракометари да им се удри од глава.
„Она што го видовме од Црна Гора, играат поинаква одбрана, некоја подлабока зона 3-3, па се враќаат, една тотално различна одбрана, затоа се подготвуваме на друг начин. Имаат добри бекови кои шутираат од дистанца, така што нема да биде лесно. Јас мислам дека најголема грешка ќе биде ако ја потцениме Црна Гора. Ова е Европско првенство и никоја репрезентација не треба да се потцени, особено не Црногорците против кои сме играле и ги познаваме. Пак ќе речам, против Германија како да се откажаа откако Германците водеа 5-6 разлика. Никако да ги потцениме, зашто ќе биде тежок меч, можеби и потежок од вчерашниот“ – изјави Георгиевски.