Гоце Георгиевски Македонија ЕП 2020

Македонската репрезентација го забележа првиот пораз на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка од репрезентацијата на Чешка.

Крилото Гоце Георгиевски изјави дека ништо не е загубено. Следи решавачкиот натпревар против домаќинот Австрија, во кој евентуална победа ќе не однесе во главната фаза.

„Се боревме, имавме желба, но паднавме во второто полувреме. Чесите погодија неколку тешки шутеви, беа подобри по одморот. Ние не се снајдовме најдобро во тој период иако во еден дел дојдовме во егал. Но, потоа повторно паднавме. Сепак, ништо не е загубено. За два дена не очекува решавачкиот меч со Австрија и мое лично мислење е дека таа селекција можеби и повеќе ни одговара. Останува да се подготвиме и да одиграме најдобро што умееме на третиот натпревар“, изјави Гоце Георгиевски.

Фото: Екипа.мк