Денес ракометарите на Еурофарм Работник ги очекува нов натпревар од Лигата на шампионите, гостување кај словачкиот првак Татран Прешов.
Екипа која ја забележа својата прва победа во Лигата на шампионите над Еурофарм Работник во Битола, каде тренерот Славко Голужа емотивно со солзи ја прослави.
За разлика од тој натпревар, Голужа очекува уште потежок натпревар денеска во Прешов.
„Можеме да очекуваме уште потежок натпревар од оној што го игравме во Битола против Еурофарм Работник. Овој натпревар има исклучителна важност за нас. Наша цел ќе биде да одиграме агресивна одбрана добра транзицијата до контра напад, но нема да биде лесно за нас. Тимот што ќе игра против Еурофарм Работник, без разлика кој ќе се појави на теренот, ќе мора да даде сè од себе.“ – изјави Голужа на пресот пред натпреварот.
Натпреварот започнува во 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.
Фото: Официјалниот сајт на СЕХА-лигата