(Видео) Никола Митревски повторно во идеалната постава на СЕХА

Никола Митревски РК Еурофарм Работник

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски сезонава брани во одлична форма во екипата на РК Еурофарм Работник. Потврда за тоа се натпреварите во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите, каде е нерешлива енигма за противничките ракометари.

Митревски втор месец по ред е избран во идеалниот тим на регионалното натпреварување. Битолчанецот имаше 12 одбрани во големата победа на Еурофарм Работник против фаворитот Веспрем, а потоа придодаде уште 14 одбрани против ППД Загреб и Мешков Брест, па заслужено се најде меѓу најдобрите.

Со ова го завршуваме вториот месец од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата. Македонските претставници и натаму добро котираат, бидејќи Вардар е лидер во групата А, а Еурофарм Работник го држи второто место зад Веспрем во групата Б.

Идеален тим за месец октомври во СЕХА лигата:

  • Голман: Никола Митревски (Еурофарм Работник)
  • Лево крило: Мануел Штрлек (Веспрем)
  • Лев бек: Боривоје Ѓукиќ (Металопластика)
  • Среден бек: Барис Пуховски (Мотор Запорожје)
  • Десен бек: Микита Вајлупау (Мешков Брест)
  • Десно крило: Дмитри Коваљев (Спартак Москва)
  • Кружен напаѓач: Живан Пешиќ (Нексе Нашице)
  • Тренер: Хрвоје Хорват (Нексе Нашице)

Следен натпревар на ракометарите на Еурофарм Работник е во вторник, против екипата на Мешков Брест.

Фото: Екипа.мк