Женската јуниорска репрезентација на Македонија обезбеди пласман на ЕП 2017 во Словенија за ракометарки до 19 години. Во последниот решавачки натпревар од квалификациите што се играа викендов во Скопје, Македонија славеше против Фарски Острови со 23:19 (15:10) и го обезбеди второто место во групата кое младите ракометарки ги однесе на европското првенство.
Јуниорките одиграа три натпревари, во кои издвојуваа победа на два (Молдавија и Фарски Острови) и претрпеа пораз од силната репрезентација на Унгарија. Доволно за сонот на младите ракометарки да сте јаве и на 27-ми Јули да ги бранат боите на Македонија, на ЕП во Словенија.
Покрај Македонија, пласман на ЕП од оваа квалификациска група обезбеди и репрезентацијата на Унгарија која може да се каже дека беше неколку класи подобра од останатите три репрезентации. А тоа го показа со трите убедливи победи, особено со победата на Молдавија (65:20).
На Европското првенство ќе играат следниве 16 репрезентации: Македонија, Унгарија, Шпанија, Романија, Франција, Црна Гора, Хрватска, Холандија, Шведска, Србија, Португалија, Норвешка , Германија, Данска, Русија и Словенија.