филип кузмановски магдебург

Германскиот бундеслигаш Магдебург и официјално го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој со овој клуб потпиша тригодишен договор од јуни 2019 година до јуни 2022 година.

Тренерот на Магдебург, Бенет Виегерт имаше сам пофални зборови за нашиот репрезентативец и истакна дека Кузмановски ќе претставува големо засилување за тимот.

„Многу сум задоволен што ја добивме трката за Филип Кузмановски, еден од најдобрите млади бекови во Европа. И покрај неговите 22 години, Филип веќе има големо интернационално искуство во Лигата на шампионите и на големите натпреварување. Тој е флексибилен во нападот и одбраната и со сигурност ќе го засили нашиот тим за следната сезона. Среќни сме што го добивме неговиот потпис затоа што сме свесни дека Кузмановски беше во фокусот на многу големи клубови. Му посакуваме на Филип успешно Светско првенство на кое ќе остане здрав и со нетрпение го очекуваме следната сезона во Магедбург“– изјави Бенет Виегерт.

Извор од официјалниот сајт на Магдебург.