Македонија денес го започнува својот настап на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка, против репрезентацијата на Украина.
Репрезентација која сите ја прогласија за аутсајдер во нашата група, предводена од селекторот Сергеј Бебешко кој поведе проверени играчи кои се главно од домашното првенство (Мотор Запорожје и ЗТР Запорожје) и добро се познаваат меѓу себе. Нивната воиграност би требало да е главниот адут на ова првенство, но искуството на сите тие ракометари ќе биде голем минус.
Предводени од двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко и Александар Шевелев кои добро ги познаваат македонските репрезентативци, ќе пробат да издвојуваат позититен резултат против нашата репрезентација. Единствен ракометар што недостига во овој состав е искусниот организатор на играта Александар Кириленко.
Украина во подготвителниот период одигра три натпревари во рамките „Јелоу Купот“ во Швајцарија и сите ги загубија. Загубија од Холандија (27:30), Швајцарија (32:22) и репрезентацијата на Тунис (34:32). Селекторот Сергеј Бебешко не беше задоволен од играта, но верува дека неговите момци ќе блеснат уште на самиот старт на ова ЕП.
За разлика од репрезентацијата на Украина, Македонија на ова првенство ќе настапи со помладен состав кој има големо интернационално искуство во големи клубови, предводени од најискусните Лазаров, Ристовски, Стоилов, Манасков, Георгиевски и Митревски. Искуството и младоста ја красат нашата репрезентација ова првенство. Работи кои кога ќе се комбинираат, можат да донесат добар резултат на ова ЕП.
Натпреварот започнува од 20:30 часот, со директен пренос на ТВ Телма.