Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски и неговиот Лудвигсхафен забележаа голема победа во Бундес-лигата, совладувајќи го шампионот Фленсбург со резултат 25:23.
Младиот голман доби скромна минутажа на овој натпревар (16 минути), но ја искористи максимално да го покаже својот несомнен квалитет. Во еден неизвесен натпревар, кога се решаваше победникот во последните 10 минути Мартин Томовски забележа три интервенции, со кои допринесе за оваа голема победа на неговата екипа.
Од останатите новости од нашата рубрика „Наши странци“, македонскиот репрезентативец Филип Талески со Балинген претрпе убедлив пораз од фаворитот Кил (36:26), во кој постигна 2 погодоци од 3 обиди. Истотака поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски со Вецлар загубија на гостувањето во Берлин, а Миркуловски го заврши натпреварот со 2 постигнати погодоци.
Фото: www.rheinpfalz.de